Артета бара засилувања за четири позиции

Менаџерот на новиот првак на Премиер лигата екипата на Арсенал, Микел Артета веќе има план за засилување на неколку позиции. Арсенал по 22 години ја освои титулата шампион на Англија, но оваа екипа иако без пораз остана без титулата европски првак откако во саботата го загуби финалето од ПСЖ по изведување пенали.

Артета планира засилувања на четири позиции; лево крило, напаѓач, десен бек и играч од средна на теренот. Како потенцијални засилувања се двајца играчи од Њукасл, Сандро Тонали (средина) и Тино Ливраменто (десен бек). За позицијата лево крило во комбинација е Морган Роџерс од Астон Вила, а за играч од нападот ќе биде можеби и најтешко Хулиен Алварез (Атлетико Мадрид) или Маркус Рашфорд (сезоната ја заврши во Барселона).

Тимот од Лондон најверојатно го напуштаат Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Бен Вајт, а Пиеро Хианкапие е можно да замине за Барселона. 

МИА

Најчитани вести