Освежителна зеленчукова салата со тестенини

Освежете се со вкусна салата со тестенини, заедно со вашиот омилен зеленчук. Обавезно користете ја течноста во која биле краставиците за дресингот, бидејќи тоа додава посебен шмек на ова јадење.

         Состојки:

  • 300 грама тестенини(по желба)
  • 100 грама цветчиња од брокула
  • 80 грама кисели краставички
  • 50 грама виолетов кромид
  • 80 грама шери домати
  • 1 црвена пиперка
  • 30 грама слатка пченка
  • 100 грама тврдо младо сирење
  • неколку црни маслинки


        За дресингот:

  • 150 грама грчки јогурт
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици дресинг од кисели краставички
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка сенф
  •  сол и мелен црн пипер

Подготовка:

Ставете ги тестенините во врела солена вода и сварете ги. Исцедете ги и оладете ги под ладна вода. Ставете ги цветчињата брокула во врела солена вода. По неколку минути, извадете ги и оладете ги во ладна вода. Извадете ги киселите краставички од теглата и исечете ги на парчиња. Зачувајте ја течноста во која биле киселите краставички, бидејќи ќе ви треба како состојка во дресингот за салата. Исечете го другиот зеленчук: виолетовиот кромид на ленти, доматите на половина или четвртини, пиперката на коцки и исцедете ја слатката пченка. Исечете го сирењето на коцки. Ставете ги тестенините во сад за салата, потоа подготвениот зеленчук, сирењето и маслинката. Подгответе го дресингот со мешање на грчки јогурт, маслиново масло, дресинг од краставица, копар, сенф, сол и црн пипер во мал сад.

Сервирање:

Прелијте ги состојките за салата, нежно промешајте и сервирајте веднаш.

МИА

Најчитани вести