Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома 

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез изјави дека минува низ емотивни моменти додека се подготвува за заминувањето на своите 18-годишни близнаци од дома.

Латиноѕвездата ги има ќерка ѝ Ем Марибел и синот Макс Дејвид од поранешниот брак со латинопејачот Марк Антони. За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“, Лопез емотивно зборуваше за преселбата на нејзините деца во студентски дом. Како што истакна, ова претставува „голема пресвртница и крај на една ера“ за неа.

– Тие ќе одат во различни училишта. Тоа е во ред, бидејќи сакам да бидат среќни, да одат каде што сакаат и да прават што сакаат. Се сеќавам дека на таа возраст, јас си велев: Едвај чекам да излезам во светот! …Цела година луѓето ми велеа дека ќе биде ужасно. Сакам да одат, да прават што сакаат и да си имаат големи соништа. Пред околу два месеци почнав да пишувам за тоа, и тогаш почнав да плачам. Ми требаа два дена да ги напишам овие работи, раскажува латинопејачката.

Таа, исто така, вели дека се чувствува добро поради фактот што нејзините деца одат на колеџ, но како што сфаќа дека тој миг се приближува, „тоа ја преплавува со емоции“, како што рече. 

МИА

Најчитани вести