Лосос од рерна

Ако барате едноставен, а вкусен и хранлив оброк, лососот подготвен во рерна е вистински избор. Подготовката е лесна, а резултатот е  совршен и за секојдневен ручек.

Состојки:

  • 2 филети лосос
  • сол по вкус
  • свежо мелен шарен бибер по вкус
  • 1 дл бело вино
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 1 лимон

Подготовка: Зачинете ги филетите лосос со сол и свежо мелен бибер. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 220 °C и подгответе ја маринадата: во сад измешајте ги маслиновото масло, белото вино, солта и биберот. Во тепсија ставете хартија за печење, филетите лосос  наредете ги, со маринадата прелијте го лососот и врз нив наредете тенки кругови лимон.

Печете во загреана рерна на 220 °C околу 20–25 минути. Послужете го лососот топол, со свежа салата. За дополнителна арома, пред сервирање додадете гранче рузмарин и неколку капки маслиново масло.

МИА

Најчитани вести