Сабаленка без проблем до четвртфиналето на Ролан Гарос

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка синоќа избори пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос откако со 2:0 во сетови ја совлада Наоми Осака.

Иако според резултатот изгледа лесна победа сепак Осака пружи силен отпор особено во првиот сет, кој и припадна на Сабаленка со 7:5 во гемови. И во вториот сет се водеше голема борба, а фаворитката Сабаленка го доби сетот со 6:3 во гемови.

Во следното коло Сабаленка ќе игра против Дијана Шнајдер, која претходно ја совлада Медисон Кејс со 2:1 во сетови.

Денеска на програмата се првите четвртфинални мечеви (по два) во двете конкуренции.

МИА

Најчитани вести