Екипата на Реал Мадрид синоќа со многу напор стигна до победата од 3:2 на гостувањето кај Валенсија и со тоа го задржа чекорот со водечкиот тандем Барселона и Атлетико Мадрид.
„Кралскиот клуб“ на стадионот „Местаља“ трипати се наоѓаше во водство. Најпрвин Анхел Ди Марија во 28.минута го отвори резултатот, а Пабло Пиати во 34.минута изедначи на 1:1. Во финишот на првиот дел (40.минута) Кристијано Роналдо донесе ново водство за тимот од Мадрид. Валенсија во 62.минута преку Жереми Матиу изедначи на 2:2, а конечните 3:2 ги постави Хесе во 82.минута.
Резултати на другите натпревари од 17.коло: Еспањол – Ваљадолид 4:2, Хетафе – Барселона 2:5, Атлетик Билбао – Рајо Ваљекано 2:1, Селта – Осасуна 1:1, Гранада – Реал Сосиедад 1:3, Атлетико Мадрид – Леванте 3:2, Бетис – Алмерија 0:1, Виљареал – Севиља 1:2 и Елче – Малага 0:1.
Табела: Барселона 46 бодови, Атлетико Мадрид 46, Реал Мадрид 41, Атлетик Билбао 33, Реал Сосиедад 29, Виљареал 28, Севиља 26


