Најмалку четири танкери за превоз на нафта и течен природен гас се откажале од пловидба низ Ормуската Теснинаи го промениле курсот, покажуваат податоците за следење на движењето на бродовите.
Новите напади врз пловни објекти во тој стратешки важен поморски коридор дополнително ја зголемија загриженоста за безбедноста на пловидбата. До промената на рутите дошло откако во вторникот, во близина на теснината, беа оштетени катарски танкер за течен природен гас и саудиски танкер за превоз на сирова нафта.
Претходно беа лиферувани информации дека Иран истрелал ракети кон бродови во таа област, поради што поморските власти на највисоко го подигнале нивото на закана за пловилата што минуваат низ теснината.
Според податоците на аналитичките компании, танкерите „Al Ghariya“, „Duhail“ и „Al Ruwais“ пловеле кон запад кон Ормускиот Теснец, но доцна синоќа го смениле курсот и се оддалечиле од преминот. Трите празни танкери на компанијата „QatarEnergy“, биле на пат кон катарскиот извозен терминал Рас Лафан.
Податоците покажуваат и дека танкер под индиско знаме што кој превезува два милиони барели кувајтска сирова нафта натоварена кон крајот на минатата седмица, во средата направил промена на курсот кај оманскиот дел на Ормуската Теснина.
Од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари, низ теснецот поминале најмалку 16 пратки течен природен гас од терминалот Рас Лафан и уште десет од извозниот терминал „Das Island“. Сепак, претставува само дел од вообичаениот месечен извоз од околу седум милиони тони гас од двата терминала.
Аналитичарите наведуваат дека на почетокот на јули пред Рас Лафан се формирала колона од повеќе од десет празни танкери кои чекаат утовар. Повеќе од 50 празни танкери на „QatarEnergy“ и „ADNOC“ моментално се наоѓаат во областа на Персиски Залив, покрај брегот на Индија и во Малајската Теснина, при што некои од нив веќе десеттина дена ги имаат исклучено своите системи за автоматска идентификација.
И покрај зголемените безбедносни ризици, најмалку два супертанкери за превоз на сирова нафта успеале да ја напуштат Ормуската Теснина. Јапонскиот танкер „Tenjun“ што превезува два милиони барели катарска нафта натоварена кон крајот на февруари, доцна синоќа минал низ Ормус. Истиот ден теснината ја напушти и танкерот „Pertamina Pride“ на индонезиската државна енергетска компанија „Pertamina“.
МИА


