„Сексот и градот“ не е она што треба да биде без Саманта, е мислењето на многумина. Иако втората сезона од продолжението речиси стигна до своето финале без омилеиот лик, актерката Ким Катрал (66) сепак се појави во улогата на Сем во последната епизода.
Појавувањето на Саманта траело 70 секунди и тоа само додека разговарала со Кери на телефон.
За таа сцена и вкупно 20 изговорени реплики Катрал ќе добие неверојатни милион долари, пишува „Дејли мејл“. Тоа би значело дека Ким заработувала околу 16.666 долари за само една секунда.


