Најмалку 18 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на патот Кичево – Осломеј, кај селото Мамудово.
Шест од нив со тешки телесни повреди се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свето Еразмо“, девет се здобиле со полесни повреди, а останатите тешко повредени се испратени во Ургентниот центар во Скопје.
Според истрагата, во сообраќајната незгода учествувале две комби возила кои превезувале работници и едно товарно возило. До незгодата дошло кога едно од комби возилата марка „мерцедес“ непрописно започнало да го претекнува другото комбе „фолксваген“ и удрило во товарното возило.
Од силата на ударот едното комбе возило марка „фолксваген“ излетало од патот, а другото удрило во бетонски ѕид.
Извршен е увид од страна на јавен обвинител.


