Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: • Скопје – 138• Куманово – 23• Штип – 19• Битола – 15• Кавадарци – 14• Крива Паланка – 12• Свети Николе – 11• Кочани – 9• Прилеп – 8,• Велес и Кичево – по 7• Ресен – 6• Гевгелија и Берово – по 4• Радовиш и Гостивар – по 3• Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2• Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.
]]>


