Зголемувањето на пензиите не е реално, реагираат дел од пензионерските организации во земјава.
Велат дека најавените 5 % се само манипулација од страна на Владата и Сојузот на здруженијата на пензионери, бидејќи пензиите требало да им бидат зголемени уште минатата година.
Во соопштението на партијата на Обединети пензионери се наведува: Владата и раководството на СЗПМ, наместо да манипулират со терминот „зголемување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања.
Со реакција за пензиите се јавија и од Партијата за целосна еманципација на Ромите. Во својот допис тие наведуваат: Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот е должен два пати годишно да прави усогласување на пензиите, во првиот месец од годината и шестиот месец во годината. Тоа не е направено во 2014 и во 2015 година и тој процент изнесува 5 отсто. Тоа значи дека Владата не ги покачила пензиите, туку со тие 5 отсто што не направиле услогласување, еве сега ги покачуваат. Ова е доказ на уште една манипулација на Владата кон пензионерите, кон која се придружува и преседателот на пензионерите, Аргироски се наведува во дописот.
Претседателот пак на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски тврди дека станува збор за лични ставови на поединци, бидејќи генерално одлуката ја поддржале скоро сите пензионерски здруженија во земјава.
Вели единствено можеби понезадоволни се лицата кои имаат високи пензии но тој број е мал.
24 вести побара став од Владата, но од таму не пренасочија во министерството за труд и социјална политика од каде соопштија дека наместо законското усогласување според член 37 кое се врши два пати во годината, усогласувањето односно зголемувањето на пензиите во 2014 и 2015 година е со фиксен износ од 5 %. Односно вкупниот износ на исплата на пензиите за февруари 2014 година се зголемува за 5% и се дели со вкупниот број на корисници на пензија кои пензијата ја оствариле заклучно со февруари 2014 година..
Извор: 24 Вести


