Во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица вечерва е ранет еден човек. На пукањето претходело бркотница со автомобили. Според информациите на 24 Вести станува збор за напад, при што возилото на човекот кој бил нападнат е превртено за што сведочи и фотографијата на 24 Вести.


