24 Вести: Завршната сметка за 2014 е потврда за лошото раководење со државните пари

Завршната сметка за буџетот од 2014 година е само слика за фактичката состојба со државната каса. Небулозно е да се фалите дека ланскиот буџет бил основа за добрата економска состојба во Македонија, за 24 Вести  коментира поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Лани Македонија ја заврши со продлабочен дефицит со зголемување на долгот за дополнителни 41 милиони евра, од планираните.

Реализацијата на приходите потфли за 6 % од планираните, а трошоците се намалени за 4 %. Со реализацијата на буџетот Македонија во 2014 година останува земја со умерено ниво на долгот и 4та најниско задолжена земја во Европа.

Во 2014 година откако беше планиран буџетски дефицит од 3,5% со ребаласот минсуот се продлабочи на 3,9% од БДП. Пракса што мора да се стопира, на што предупредија и дел од мегународните финансиски институции.

Извор: 24 Вести

Најчитани вести