24 Вести:Бизнисмените предупредуваат дека на Македонија и се заканува грчко сценарио

Еврообврзницата од 650 милиони евра ќе ја загрози ликвидноста на  Македонија и ќе се создаде нов долг кој заедно со каматите ќе треба да го финасира приватниот сектор, велат од Комората на Северозападна Македонија за 24 Вести.
Прашуваат зошто Владата наместо да се задолжува, не ги пренамени средствата од непродуктивните трошоци како барокни фасади и скулптури, на инфраструктурни проекти.
Дел од бизнисмените, граѓанските здруженија  и економските аналитичари веќе побараа од Владата транспарентност, и одговори за што ќе се искористат парите од задолжувањето.
Најавеното задолжување е во износ од 6.7% од Бруто домашниот производ. Со ова задолжување, јавниот долг ќе се искачи на 5 милијарди евра, односно 51.7% од БДП. По глава на жител, јавниот долг изнесува над 2.500 евра.
Со оглед на високите износи, останува отворено клучното прашање за трошењето/намената на позајмените средства. Дополнително, каматната стапка на еврообврзницата ќе биде значително повисока од моментално-генерираниот економски раст, што имплицира дека ова позајмување е скапо, велат од институтот.
Поранешниот министер, Никола Поповски оценува дека со новото задолжување владата  обезбедува средства да одржи на власт.
Ребелансот на буџетот за 2016 година, кој се усвојува во пакет со преговорите за Еврообврзницата, според бизнисмените од комората на Северозападна Македонија е доказ дека на Владата не и е приоритет економскиот развој, туку тесните партиски интереси и социјалните ефекти.
Министерот Кирил Миновски, пак, деновиве го оправда задолжувањето дека е согласно законите. Според министерот со новото задолжуавње ќе се обезбеди ликвидност на економијата.
Извор:24 Вести

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести