3,5 години затвор за Аљими и Гури за изборни измами во 2013

Три години и шест месеци затворска казна добија Ејуп Аљими и Исмет Гури кои беа осудени за изборни измами за време на локалните избори во 2013 година, кога како членови на Општинска изборна комисија во Чаир уништувале изборен материјал и фалсификувале изборни резултати во корист на политичката партија ДУИ.

Аљими е актуелен пратеник од редовите на ДУИ во сегашниот собраниски состав, кој се распушти по одлуката за вонредни парламентарни избори.

Случајот во јавноста беше познат како „Титаник 3“ и траеше околу две години откако го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести