35 поранешни и 19 нови градоначалници не пријавиле имотна состојба – меѓу нив и градоначалниците на Скопје, Струга и Штип

Данела Арсовска, Орце Ѓорѓиевски и уште 33 градоначалници  не поднеле изјава за имотната состојба по завршување на мандатите објави ДКСК. Исто така и 19 новоизбрани градоначалници, повторно на чело со градоначалникот на Скопје не ја исполниле оваа законска обврска која треба да покаже дали и колку едните додека биле на функција се збогатиле, а другите со колкав имот ги стартуваат мандатите.

Антикорупционерите ваквата состојба ја констатирале по извршени проверки во регистарот на имотна состојба и интереси.

Од таму велат дека за градоначалниците, поранешни и актуелни, од кои дел се старо-нови ќе иницира постапки согласно закон, односно ќе издаде прекршочен платен налог.

,,Согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска  да поднесат изјава за имотна состојба“,ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“. Според членот 82 став 1 од Законот за спречување корупција и судирот на интереси сите избрани градоначалници на локалните избори 2025 година имаат обврска, наjдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотната состојбата и интереси.”- велат од ДКСК.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е и на двата списоци.Тој за ТВ 24 вели дека и како советник во општина Кисела Вода а подоцна и како градоначалник ја известил комисијата за неговата имотна состојба за која нагласува дека оттогаш не е променета но ќе се обрати и ќе достави нов извештај до Комисијата.Во двете категории се и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, Курто Дудуш , како и староновиот градоначалник на Штип Иван Јорданов.

Не само прекршочна казна треба да има и политичка одговорност, односно да си заминат од функцијата сите кои не го почитуваат законот кој треба да претрпи измени вели  за Тв 24 првиот човек на Транспаренси интернешнал Благоја Пандовски.

Според Законот, предвидената глоба за непријавување имотна состојба од страна на избрани и именувани лица изнесува од 300 до 500 евра во денарска противвредност.

извор:24.mk

Најчитани вести