Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“ и „Миле Поп Јорданов“, додека со намален притисок ќе се снабдуваат корисниците долж булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од раскрсницата со булевар „8 Септември“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и корисниците во населбите Прашка, Жданец, Трнодол и Горно Нерези.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводна цевка со пречник од 350 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај фабриката „Карпош“, и ќе трае до целосно санирање на дефектот.
МИА


