Направени се 1 665 тестирања, а Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти. Починат е еден пациент од Гостивар на 76-годишна возраст во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14 455, бројката на оздравени пациенти е 11 525, а на починати 604. Во моментот, бројот на активни случаи изнесува 2 326. Во Скопје најмногу активни случаи има во Чаир и Аеродром (98) по што следува Гази Баба со 93.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 46, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19.
MИА
]]>


