Полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера го привеле 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, по претходно добиени оперативни информации.
За Лазаров, како што соопшти МВР, беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик

Лазаров претходно беше во бегство, откако избега од Полициската станица во Кочани.
По приведувањето, Лазаров е спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
МИА


