65 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

 Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 65 возачи, информира МВР.

Од 65-те изречени прекршоци, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести