Министерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсен седумсетгодишен маж од Липково со обвинение дека два месеци во повеќе наврати силувал дете.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години”, соопшти МВР. Како што појаснија, пријавениот во повеќе наврати во временски период од околу два месеци вршел полови дејствија врз 13–годишно дете.


