Бишевац: Јас сум ваш противник се додека не паднете од власт и ќе ја вратам А1

На денешните пратенички прашања во Собранието на Република Македонија упатени до премиерот и министрите во Владата на Република Македонија пратеникот Сафет Бишевац остро одговори на обвинувањата од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

-Да ви кажам кој сум. Јас сум ваш противник и ќе работам и ќе се борам се додека не паднете од власт. Јас ќе ја вратам А1 телевизија, изјави Бишевац.

Овој одговор дојде по низа перипетии по поставеното прашање од Бишевац до Јанкуловска за тоа кој ја изврши проценката за полициското обезбедување на протестот на новинарите за пресудата на Кежаровски.

Министерката прво рече дека протестот не бил најавен во локалната полициска станица, па одговараќи со „ние направивме проценка“ не конкретезириаше кој тоа проценил дека за овој протест е потребно толку вооружено полициско обезбедување. Потоа пак, таа рече дека протестот бил најавен како мирен, но според министерката, претставниците на политичките паритии не издржале и го нарушиле јавниот ред и мир.

-Направивме соодветна проценка со која моравме да го осигураме јавниот ред и мир на просторот во близина на фонтаната Карпошово востание. Таму беше најавено дека протестот ќе биде мирен меѓутоа не издржаа поддржувачите на политичките партии, некои претставници на невладини организации, спонатано собрани граѓани и мал број на новинари, сепак, одлучија да го нарушат јавниот ред и мир, рече Јанкуловска и додаде:

– Зашто знаете дека Сафет Бишевац не е новинар, Сафет Бишевац е политичар, тој е во служба на СДСМ, но Сафет Бишевац е навикнат да работи во контролирана средина, впрочем тој беше еден од претходниците на контролираната А1, кој ја бранеше многу жестоко, бранејќи го сега веќе осудениот Велија Рамковски, навредливо рече Јанкуловска за Бишевац.

На ова пратеникот од Санџачка Лига, од вчера и Претседател на советот на СДСМ за меѓуетнички односи и поранешен новинар во А1 телевизија врати дека тој е нивен политички противник и ќе се бори се додека не паднат од власт, а за одговорот на министерката додаде:

-Баш ми е мило за ова што го кажавте, ми потврдивте дека е вистина она што им го кажувам на новинарите: за каква диктатура се работи и за каков режим се работи во Македонија. Сега имаа прилика да го слушнат тоа директно од вас – заврши Бишевац.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести