(ФОТО) ХИТ на интерент: Како изгледа „борбата“ со бирократијата за да се добие детски додаток

Една млада белграѓанка цела година ги собирала потребните документи што ѝ биле неопходни за да добие еднократна парична помош, еден вид на детски додаток. Кога ги собрала, таа со сите нив го фотографирала своето бебе опркружено со сите документи. За оваа апсурдна сцена, не знаеме дали го добила тоа што го бара, но затоа пак добила награда на фото конкурс.

Станува збор за натпревар на списанието Статус, на кој оваа фотографија ја добила првата награда, а покажува бебе опкружено со документи, еден оригинал и 52 заверени копии. 

Од моментот кога дознала дека е бремена, па се до третиот месец на веќе роденото бебе, Марија Јанковиќ собрала 52 различни административни и медицински документи, за да докаже дека борбата со бирократијата, барем на овие простори, започнува дури пред раѓањето на детето за да добие еден детски додаток.

Необичната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, собрала многу број на допаѓања и коментари, а во моментот е изложена на изложба со наслов „Луѓе со отворени очи“.

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести