Ледена лимонада со јагоди

Во топлите летни денови нема ништо поосвежително од чаша ладна домашна лимонада.

Состојки:

  • 60 мл вода
  • 2–3 лажици сок од лимон 
  • 180 грама јагоди
  • 200 грама мраз 
  • 1–2 лажици јаворов сируп (или мед, по вкус)


За декорација:

  • листови нане

Подготовка:

Во блендер ставете ги водата, сокот од лимон, јагодите, јаворовиот сируп/мед и мразот. Блендирајте додека не добиете мазна и густа смеса. Истурете ја лимонадата во подготвените чаши и украсете со свежи јагоди и листови нане. Послужете веднаш и уживајте во освежителниот вкус.

МИА

Најчитани вести