СДСМ: Тендер коалицијата се префарба – стари министри, нови криминални тендери

Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“.

Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација.

ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој повеќе не постои во вистинска смисла на зборот, сега треба да се појави со „нови“ лица. 

Прашањето е: кого да вметнат кога веќе нема никого? Можеби Максо? Тој е нов.

Целта на оваа реконструкција не е подобра Влада. Целта е мачкање очи на граѓаните и продолжување со криминалните тендери, зачувување на коруптивните мрежи и купување на уште малку време. Сè друго е шарена лага за граѓаните.

Додека Организираната криминална група ВМРО се занимава со преуредување на фотелји, економијата е во тешка криза. 

Буџетот е пред колапс, странските инвестиции се намалени за 60%, македонските работници се со најниски плати во Европа, младите масовно ја напуштаат земјата. Нема зголемување на минималната плата на 600 евра, цените отидоа до плафон, а потрошувачката кошничка достигна 70.000 денари само за основни потреби. 

Наместо да се соочат со овие проблеми, тие прават театар наречен реконструкција.

Оваа Влада не може да се реформира. Таа може само да се маскира. И токму тоа го прави сега – со нови министри од истата тендер коалиција, со истите криминални практики и со истата политика која ја турка Македонија во изолација и сиромаштија.

Граѓаните не сакаат нови министри, тие сакаат крај на криминалните тендери, крај на лажењето и крај на политиката која ја уништува државата.

Оваа Влада може да доживее реформа само кога ќе се реформира правосудството, кога ќе има европско обвинителство и кога ќе одговараат за криминал и корупција. 

Таа реформа ја чекаат граѓаните и тоа време набрзо доаѓа.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести