Северина бесна на алиментацијата од 1.000 евра

Откако хрватскиот судски одлучил дека мора да му биде дозволено на Милан Поповиќ секој втор викенд да го гледа сам својот син Александар во Загреб, следела нова причина Северина повторно да биде лута и да им отвори работа и на адвокатите и на судот.

Судската одлука Милан да плаќа 1.000 евра месечно алиментација, ја налутила поп-ѕвездата која за сè го обвинила нејзиниот адвокат. Пред судската одлука таа месечно од Милан добивала 10. 000 евра.

По ова, извор близок до пејачката изјавил дека Северина и Милан ќе се обидат да направат свој договор за израмнување.

Меѓутоа, тимот на Милан Поповиќ пак тврдел дека до нив не стигнало никаков официјално известување на вонсудско израмнување.

Од друга страна пак, Милан Поповиќ бил многу задоволен од одлуката на судот, секој втор викенд да се гледа со Александар во Загреб, одлука која е привремена мерка до следното рочиште во декември.

Адвокатите на Северина побарале од судот Милан да се гледа со Александар во станот на Северина и во нејзино присуство, но судот одбил.

Таткото наскоро имал намера до побара синот да го изнесе и надвор од хрватските граници и да го носи дома во Србија.

Постојат обвинувања дека пасошот на малиот Александар е неофицијален, но министерството за внатрешни работи на Србија, издало и официјален документ дека пасошот е издаден по сите регуларни и важечки закони на Србија.

Во меѓувреме Поповиќ изнајмил и куќа во Хрватска, со детско игралиште и сè што е потребно за домот да биде безбедна среднина за малиот Александар, за да може таму, а не во хотелски апартман да се среќаваат.

Досега секој втор викенд Милан го преуредувал својот хотелски апратман, полнејќи го со детски играчки за да може Александар да се чувствува поудобно.

Најчитани вести