Зошто луѓето викаат кога се лути?

Еднаш еден духовен учител ги прашал своите ученици :„Зошто луѓето викаат кога се лути?“ Учениците размислувале некое време: „Затоа што го губиме трпението-затоа викаме.“

„Но зошто би викале ако личноста е покрај тебе?“-прашал учителот, зарем не може да се зборува тивко и полека? Учениците давале уште неколку одговори но ниеден не го задоволил учителот. Тогаш тој им објаснил:

„Кога две лица се во кавга и се лутат тогаш нивните срца силно се оддалечуваат. Затоа тие мораат да викаат за нивниот крик да ја премости далечината и да можат да се слушнат. Колку се повеќе лути, посилно мора да викаат бидејќи оддалеченоста меѓу нив е се поголема“

Потоа ги прашал:

Што се случува кога две лица ќе се заљубат?- не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу близу. Оддалеченоста меѓу нив е многу мала. А што се случува кога уште повеќе ќе се заљубат? Не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат во својата љубов. Конечно не треба ни да шепотат, само се гледаат и тоа е се. Такви се две лица кои се сакаат. Затоа, кога се расправате, немојте да дозволите вашите срца премногу да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде толку голема што веќе никогаш нема да има пат за назад.“

Најчитани вести