Целосна доминација на Ред Бул во Абу Даби, one-two победа за Фетел и Вебер

Светскиот шампион за 2013 година во формула 1, Себастијан Фетел, му донесе уште една победа на Ред Бул, единаесетта сезонава. На подиумот се искачија Марк Вебер и Нико Розберг.

Четирикратниот светски првак ја започна трката од втората позиција, веднаш зад тимскиот колега Вебер, но уште во првиот свиок успеа да ја преземе водечката позиција од Австралиецот и да ја задржи сè до крајот.
Вебер се задоволи со второто место на подиумот, а Розберг со третото.
Кими Раиконен се квалифицираше на петтото место но поради неправилности со долниот дел на неговиот болид, трката ја започна од последното место, од пит-стопот, но не успеа да ја заврши. Зад Розберг трката ја заврши тимскиот колега на Раиконен, Грожан, а зад него Алонсо, ди Реста, Хамилтон, Маса, Перез и Зутил до десеттото место.

Претпоследната трка од оваа сезона ќе се вози на патеката Остин во Тексас, САД за две недели (15-17ноември).

 

Најчитани вести