Кошаркарите на Атланта го претрпеа и вториот пораз на гостински терен. Ноќеска минимална победа постигна Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 (33:22, 29:27, 26:27 и 17:27). Македонскиот кошаркар Перо Антиќ на теренот беше нецели осум минути (7:40), а притоа имаше 2 поена (шут од игра 1/3; 0/1 за три поени), 4 скокови (3 дефанзивни), 1 украдена топка.
Иако, беше во негатива на полувремето, Атланта успеа да се врати резултатски и во последната минута и да изедначи. Но, Пау Гасол на 5.2 секунди реализираше две слободни фрлања, а потоа и го изблокира шутот на Кајл Корвер за изедначување.
Гасол со „дабл-дабл“ ефект беше најдобар кај својот тим со 16 поени и 13 скокови, додека на натпреварот најефикасен беше Корвер со 22 поена.
Дури осум играчи на „езерџиите“ постигнаа тројка што е вторпат сезонава и третпат во клупската историја.
Следниот натпревар Антиќ и Атланта го играат во Сакраменто ноќта вторник кон среда.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Детроит – Бостон 87:77, Мајами – Вашингтон 103:93, Орландо – Бруклин 107:86, Оклахома Сити – Феникс 103:96 и Њујорк – Минесота 100:109.
Вечерва се играат четири натпревари: Кливленд – Минесота, Филаделфија – Голден Стејт, Мемфис – Бостон и Лос Анџелес Клиперс – Хјустон.


