Шпанецот Рафаел Надал ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Новак Ѓоковиќ на најновата АТП рејтинг листа објавена денеска.
И покрај тоа што Ѓоковиќ победи на турнирот во Париз тој поради начинот на бодувањето за АТП листата, во однос на минатата седмица изгуби 550 бодови, а Шпанецот доби 360.
Надал сега е на врвот со 12.030 бодови, додека Србинот е втор со 10.610. Финалистот од Мастерсот во Париз, Давид Ферер (Шпанија) е трет со големо заостанување зад водечкиот тандем. Тој има 5.800 бодови.
По водечката тројка следуваат:
4. Енди Мареј (Велика Британија),
5. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина),
6. Томаш Бердих (Чешка),
7. Роџер Федерер (Швајцарија),
8. Станислав Вавринка (Словачка),
9. Ришар Гаске (Франција),
10. Жо Вилфред Цонга (Франција).
Последниот голем турнир во 2013 година почнува денеска во Лондон и на него ќе настапат во моментов осумте најдобри тенисери.


