Светската федерација на зимски спортови (ФИС) денеска се спротистави на идејата Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година да се игра во зима.
Скијачите и ски-скокачите се подготвени да потпишат и меморандум против упаѓањето на фудбалерите во „нивниот термин“. Како аргумент плус, лицата од зимските спортови го наведуваат и податокот дека во 2022 година ќе се одржат и Зимски олимписки игри.
Инаку, идејата на раководството на ФИФА Мундијалот во Катар да се игра во зима е поради екстремно високите температури кои владеат во летните месеци во оваа земја и покрај тоа што домаќинот гарантира пријатни услови за игра на сите стадиони кои би се постигнале со користење на разладни уреди.


