Откако Горан Пандев најави дека ќе се повлече од настап во фудбалската репрезентација на Македонија, нова најава за повлекување сега доаѓа и од Бобан Грнчаров.
Дефанзивецот на екипата на Ботев од Пловдив, Бобан Грнчаров изјави дека планира да стави крај на кариерата во националниот тим на Македонија.
– Размислувам да се откажам од националниот тим на Македонија. Се уште не сум донел конечна одлука. Веќе 10-11 години сум репрезентативец и можеби времето ми истече. Ќе размислам уште малку, но засега сум повеќе наклонет да ја прекинам кариерата во репрезентацијата, изјавил Грнчаров за бугарскиот „Меридиан мач’’.
Триесет и две годишниот Грнчаров, во последниот период се почесто е на клупата на резерви во тимот Ботев, па затоа размислува да стави крај на репрезентативната кариера. – Така ќе се фокусирам целосно на перформансите за Ботев, дополнува Грнчаров кој со екипата на Ботев има договор до 2015 година.


