Дел Потро ја постигна првата победа на Мастерсот во Лондон

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро со победа ги почна настапите на завршниот Мастерс во Лондон. Тој синоќа во првиот меч од Б групата беше поуспешен од Французинот Ришар Гаске со 2:1 во сетови.

Иако, го загуби првиот сет Дел Потро успеа да се врати во игра и во клучните моменти имаше повеќе концентрација и ги добиваше поените во завршницата на мечот.

На вториот дуел одигран вчера во рамките од А групата Станислас Вавринка го победи Томаш Бердих со 2:1 во сетови.

Денеска на програмата се нови два меча, кои воедно се реприза на саботните полуфинални дуели од турнирот во Париз.

Во 15 часот во „О2 Арената“ во Лондон ќе играат Рафаел Надал и Давид Ферер (А група), а од 21 часот е пресметката Новак Ѓоковиќ – Рожер Федерер (Б група).

Најчитани вести