ВИДЕО: Игудала и Кари донесоа гостинска победа за Голден Стејт

Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари, а единствено победа на гости оствари екипата на Голден Стејт. По серијата од пет порази на гостувањата кај Филаделфија, Голден Стејт конечно славеше победа и тоа убедлива со 110:90.

Андре Игудала постигна 32 поена против својот поранешен тим и беше прв стрелец на натпреварот, додека Стефан Кари оствари „трипл дабл“: 18 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Резултати на ноќешните натпревари: Филаделфија – Голден Стејт 90:110, Кливленд – Минесота 93:92, Мемфис – Бостон 95:88 и ЛА Клиперс – Хјустон 137:118.

Атланта на Антиќ вечерва гостува кај Сакраменто. Другите осум дуели двојките се: Торонто – Мајами, Бруклин – Јута, Детроит – Индијана, Њујорк – Шарлот, Њу Орлеанс – Феникс, Далас – ЛА Лејкерс, Денвер – Сан Антонио и Портланд – Хјустон.

Најчитани вести