Серија А: Болоња и Киево одиграа без голови

Последниот натпревар од 11.коло од Серија А одигран синоќа меѓу Болоња и Киево заврши без победник и без голови – 0:0. Со ваквиот исход најмногу корист имаат конкурентите на двете екипи.

Болоња по двете победи, ги разочара своите навивачи откако не успеа да „врзе“ и трет триумф по ред и сега со 10 бодови е на 16.место.

Ист број бодови има и Каљари на Агим Ибраими на 15.место.

Киево со освоениот бод конечно ја прекина серијата од шест порази по ред. Со само пет освоени бодови Киево е последен на табелата во Серија А, со еден бод помалку од Катанија и четири помалку од Сасуоло и од Сампдорија.

Најчитани вести