Ѓоковиќ поуспешен од Федерер на Мастерсот во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на Мастерсот во Лондон. Тој синоќа во последниот меч од програмата од 1.коло (Б група) го победи Швајцарецот Рожер Федерер со 2:1 во сетови.

Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:4, откако брејк направи во 10.тиот гем. Во вториот сет двајцата тенисери одиграа лошо, а сетот го доби Федерер со 7:6 (7:2), бидејќи помалку грешеше во клучните моменти. Третиот сет на доминантен начин му припадна на Ѓоковиќ со 6:2.

Ова беше 15.та победа за Србинот во 31.меч со Федерер.

На првиот вчерашен дуел Рафаел Надал го победи Давид Ферер со 6:3 и 6:2 по сетови.

Денеска на програмата се мечевите од 2.коло од А групата. Надал за противник го има Станислас Вавринка и со победа годината ќе ја заврши како број 1, независно од исходот на другите мечеви.

Двајцата тенисери веќе имаат по една победа во Лондон.

Во вечерниот термин ќе играат Томаш Бердих и Ферер, кои пак ги загубија првите мечеви.

Најчитани вести