Факелот за Зимските олимписки игри утре ќе биде испратен во Вселената

Факелот за Зимските олимписки игри 2014. во Сочи утре од космодромот Бајконур, со руска ракета и тројца космонаути, ќе полета кон Меѓународната вселенска станица.

В сабота е предвидено астронаутите да „го прошетаат олимпискиот факел во Вселената“.

Ракетата Сојуз-ФГ и капсулата Сојуз-ТМА, украсени се со симболот на ЗОИ – олимписките кругови, се поставени на лансирната рампа во космодромот Бајконур во Казахстан. Лансирањето на факелот ќе биде директно пренесувано на телевизија и ќе може да се гледа и на голем видеобим на Тајмс сквер во Њујорк.

Олимпискиот факел по патувањето во Вселената ќе биде однесен на дното на Бајкалското Езеро и на Северниот Пол и на 7 февруари ќе пристигне во Сочи за церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри.

Најчитани вести