По долгогодишно и тешко боледување утрово на 39-годишна возраст почина новинарката Искра Ефтимова (07.11.1974 – 06.11.2013).
Нејзиниот професионален живот, како новинар од областа на културата и уметноста, беше богат и нејзниот придонес ќе остане забележан низ архивите на печатените и електронските медиуми.
Уште од основното училиште покажуваше афинитет кон медиумите за што сведочи неколкугодишната соработка во телевизискиот образовен проект Фиданка на Македонската телевизија. Соработуваше во неделникот Денес и во дневниот весник Македонија Денес, а најдолго како дел од забавната и културната редакција на телевизија Телма. Работеше и неколку циклуси ТВ есеи на Наша ТВ.
Ефтимова студираше на катедрата за режија на ЕСРА универзитетот во Скопје, а претходно дипломирала и на Скопскиот универзитет на одделот за филозофија.
Ќе биде погребана утре на градските гробишта Бутел во Скопје.


