Дисциплинската комисија на Евролигата го казни српскиот клуб Црвена звезда со парична казна од 12.000 евра.
Неспортскиот однос на навивачите на „Делиите„ фрлањето на тврди предмети на теренот и употребата на ласерски светла, за време на натпреварот против Панатинаикос, одигран минатата недела во „Пионир’’ се причината за ваквата казна.
Овој пат дисциплинците на УЛЕБ се решија само за парична казна, откако „црвено-белите“ веќе имаа заработено опомена по натпреварот со Локомотив Кубан.
– Она што треба да ги загрижи вистинските навивачи на клубот, е опомената која ја добивме од дисциплинскиот судија дека, доколку и во иднина се повторат вакви и слични неспортски случувања, Црвена звезда ќе биде казнета најмалку со еден, а можеби и повеќе натпревари на домашен терен без присуство на публика, се вели во соопштението објавено на веб страницата на белградскиот клуб.
Минатата сезона српската екипа, која настапуваше во Еврокупот, за четири казни заработени од УЛЕБ плати сума од 34.500 евра.


