Кон кофеинот би требало да се однесуваме токму како што пациентите се однесуваат кон лековите за болки и антибиотиците, значи земање според посебен рецепт. Кога е најдоброто време за утрински кофеински „удар“? Според Стефан Милер, студент на докторски студии на подрачјето на неврологијата, најдобро време за пиење кафе наутро е меѓу 9:30 и 11:30 часот.
Милер на својот блог NeuroscienceDC објаснува дека правилното темпирање на пиење кафе спречува развивање на толеранција на тој глобално популарен пијалак. Тој истакнува дека принципот на развивање отпорност на кафето е сличен како и со антибиотиците и аналгетиците кои пречесто се земаат, пренесува popsci.com.
Тоа што е поинаку кај кофеинот, за разлика од наведените лекови, е тоа што не си играте со промената на прагот на болка или со бројот на штетните бактерии во телото. Се поигрувате со иднината на сопственото тело. Токму како што луѓето не би смееле да земаат аналгетици за лесни главоболки размислувајќи само за брзо решавање на проблемот, така Милер истакнува како кафето треба да се избегнува да се пие кога телото се наоѓа меѓу тие најбудни периоди во денот.
Ако сакате да испиете кафе и попладне, тогаш најдобро е тоа да го направите меѓу 17:30 и 18:30 часот, истакнува Милер на својот блог.
Всушност се работи за погодување на најдоборото време во рамките на вашиот биолошки часовник кој е регулиран од хипоталамичкото јадро, кое регулира и други телесни функции. Наведените јадра го контролираат циклусот за спиење и неспиење, хранење и трошење на енергијата во телото, хомеостазата на шеќерот на тие хормони, од кои за будност е релевантен кортизолот (често наречен и хормон на стресот).
Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу 8 и 9 часот наутро, нагласува Милер.


