Градоначалникот на Карпош изгледа како да е влезен во „тежок“ лидерски филм.
По посетата на егзотичните туристички дестинации придружуван од до неодамна најважниот градоначалник во Македонија, за да го покријат, нему блиски агенции за испитување на јавното мислење му искреираа анкета со која се обидоа да му го кренат рејтингот, попусто правејќи го влијателен на политичката сцена.
Ама, изгледа Стевче е толку самобендисан, па како „титов омладинац“ се обидува себеси да се претстави како негов наследник.
Како инаку да се протолкува овој шпалир и аплауз, освен како злоупотреба на деца во политички цели.
Фотографијата е снимена во ОУ „Владо Тасевски“ по повод церемонијалното доделување стипендии за талентирани ученици од основните училишта во општина Карпош.
Извор: Либертас.мк


