Петгодишниот Мајлс боледува од леукемија и има една голема желба: сака да биде Бетмен само еден ден.
За да се ублажи стресот на малото дете кое долго време се бори со болеста, хуманитарната организација „Make-a-Wish“ одлучила да ја организира целата манифестација и Сан Франциско да го направи Готам сити како животно изненадување петгодишното момче..
Поточно, на 15 ноември шефот на полицијата во Сан Франциско ќе праша дали некој знае каде живее Малиот Бетмен затоа што многу е потребен за решавање на еден случај и изнесување на злосторниците пред лицето на правдата, пишува „АБЦ“.
Мајлс ќе треба да спаси една девојка во неволја, врзана за трамвајски колосек и да го фати злобниот „Пулзер“ кој сака да го ограби градскиот трезор.
Мајлс потоа ќе биде на ручек со родителите во еден ресторан, од каде што шефот на полицијата ќе му упати официјална покана да појде кон прозорецот, каде што голема група волонтери ќе му скандираат и ќе го молат за помош.
Мајлс веднаш ќе му застане на патот на негативецот и ќе му ја земе маската со која тој сака да го прекрие Сан Франциско, а потоа во општинското собрание на градот, на малиот Бетмен официјално ќе му бидат предадени клучевите од Готам сити.
-Кога веќе сака да биде Суперхерој, ние веруваме дека големата група на луѓе навистина ќе направи да се почувстува така, не само затоа што го победил негативец и помогнал во борбата против криминалот, туку затоа што тој навистина е херој, изјавила Џени Вилсон Фондацијата.
Интересот за учеството во оваа хумана манифестација, според Вилсон, е неверојатно голем. Очекува да има стотици, ако не и илјадници, волонтери кои сакаат да учествуваат.
-Ни се јавија многу актерии, фотографи, сниматели кои сакаат да одиграат некоја улога или да му дадат подарок на малиот Мајлс, шминкери кои ги нудат своите услуги сосема бесплатно, а противпожарната служба понуди едно од своите возила за доживувањето да биде пореално, воодушевоно раскажа Вилсон.
Родиелите на Мајлс знаат како сето тоа ќе изгледа на 15 ноември, но засега сето тоа е тајна за Малиот Бетмен, кој засега само очекува на тој ден да добие костиум од својот омилен суперхерој.


