Сопругата на Дуле одговори на обвинувањата од свекорот: Кога Дуле не е до мене, не ми е важно каде е признанието

Уште пред една недела ми се јави градоначалникот Илчо Захариев и ме извести дека по повод 8-ми ноември, празникот на градот, Дуле ќе добие постхумна признаница како заслужен граѓанин и ме замоли да дојдам со ќеркичката Илијана и да ја примиме наградата, на што јас се согласив, вели за Вест Љупка Љубисављевиќ, сопругата на починатиот пејач Дуле одговарајќи на обвинувањата од нејзиниот свекор Раде околу доделувањето на признаницата од градот Штип.

-Но, кога отидов во собраниската сала во Штип, забележав дека на местото каде што треба да седам, веќе беше сместена Марија, полусестрата на Дуле-вели Љупка.

Таа вели дека кога градоначалникот Захариев ја повикал да ја прими признаницата, Марија станала и ја зела наместо неа, на што нејзината ќерка веднаш изреагирала велејќи:

-„Тоа е за тато, дајте ми го мене“. Откако и го дадоа листот на Илијана, таа се врати до мене и ја проследивме церемонијата до крај. Но, веднаш по завршувањето на настанот, ми пријде таткото на Дуле и буквално ми го истргна листот од рацете. Бев во шок, но не сакав да реагирам и да правам скандали. Кога тој што треба не е до мене, не ми е важно каде ќе се наоѓа признанието-вели Љупка.

 

Најчитани вести