Новиот привремен извршен директор на „Блекбери“ Џон Чен ќе добие годишна плата од милион долари и уште два милиони долари во бонуси врз основа на резултатите.
Сепак, тоа не е се. Чен, кој се соочува со тешка задача да го запре пропаѓањето на поранешната водечка компанија во секторот на мобилните услуги, ќе добие и 13 милиони во акции од компанијата. Акциите на „Блекбери“ се проценуваат на вкупна вредност од 85 милиони долари.
Доколку Чен не успее во задачата, средствата што ќе ги заработи ќе бидат далеку „помали“. Ако биде предвремено отпуштен ќе му бидат исплатени сите плати што му следуваат за таа година и дополнителни шест милиони долари бонус за следните 18 месеци.
Чек e поранешен извршен директор на „Сајбејз“, софтверскиот производ на компанијата САП, што го користат голем број компании.
Ова е можеби последна шанса за спас на „Блекбери“. Акциите на компанијата од почетокот на годината се намалија за 45 проценти.


