На автопатот Куманово-Скопје во бензинската пумпа на „Макпетрол“ утринава околу 04,15 часот, две маскирани лица од кои едниот вооружен со пиштол, со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над вработениот Ч.З.(56) од село Романовце. Како што соопшти МВР, одземени се 32.000 денари од дневниот промет, куќиште од компјутер и клучевите од неговото патничко возило. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.


