Вчера околу 18,10 часот, во Скопје пред СЦ „Борис Трајковски“ околу 150-200 навивачи на РК „Вардар“ поради тоа што не биле пуштени во салата го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање камења, шишиња и други предмети кон полициските службеници. Со тешки телсни повреди се здобиле В.С.(41) од Скопје, гледач, кој е пренесен и задржан на лекување во ГОБ „8-ми Септември“ и Г.К.(41) од Скопје, вработен во Агенцијата за обезбедување „Перпетум Мобиле“ кој бил ангажиран за обезбедување на натпреварот и истиот е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар Скопје. Од МВР велат дека се приведени повеќе лица поради сомнение дека го нарушиле јавниот ред и мир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок..


