Осумнаесетгодишниот Х.С. синоќа е повреден од група малолетници кои физички го нападнале во автобус на ЈСП број 50. Како што соопшти МВР, синоќа во 18 часот и 40 минути групата малолетници при излегување од автобусот го нападнала Х.С. по што скршиле прозорско стакло од автобусот и се упатиле во непознат правец.
Еден час подоцна непознати лица каменувале автобус број 24 на последната автобуска во населбата Припор, Скопско. Притоа скршиле две прозорски стакла, а со повреди се здобила патничката М.А.(18) од село Чифлик.
Полицијата презема активности за расчистување на случаите и откривање на сторителите.


