Ограбен отпадот „Метал суровина“

Во периодот од 22 до 25.11.2013 година во Скопје на ул. „Благоја Стефковски“ во отпадот РД „Метал Суровина“ ДООЕЛ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба, извести полицјата.

Крадецот одзел околу 600 килограми кабел, алтернатори, алансери, трансформатори, монометри и пиштоли за оксиген, брусалка, хилта, околу 100 килограми калај и околу 800 килограми цинк, причинувајќи материјална штета од околу 800.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести