Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија започна со големо незадоволство на тутунопроизводителите. Тие се жалат на ригорозни критериуми, проценка под класа и ниски откупни цени, а во знак на револт пред откупниот пункт во село Ивањевци денеска запалија дел од тутунот. Велат дека и квалитетниот тутун се проценува во четврта класа по цена од 55 денари, со што не можат да ги покријат трошоците и одбиваат да го предадат под вакви услови. Велат дека просечната цена нема да достигне ниту 100 денари, за разлика од лани, кога беше 190 денари за килограм.

Од Здружението на тутунопроизводители бараат од ресорното министерство промена на строгите критериуми за откуп на тутунот.
Од годинешната реколта во државата се очеуваат околу 30 илјади тони тутун, а договор за откуп имаат склучено 8 компании со 42 илјади кооперанти.



