Застрелано лице во обид да спречи кражба на гориво од камион во близина на Доброште

Лицето А.Н.(34) од тетовското село Доброште бил застрелан во пределот помеѓу бутот и стомакот откако синоќа околу 23 часот и 40 минути забележал засега две непознати лица како се обидуваат да украдат гориво од паркиран камион „Мерцедес“ во кругот на бензинската пумпа „Интеграл Петрол“ во близина на Доброште на регионалниот пат Тетово – Јажинце, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според него, застреланиот веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде му бил извршен хирушки зафат и изваден куршумот од телото по што бил пуштен на домашно лекување.

Инаку А.Н. во посочениот период заедно со неговиот соселанец А.С.(21) пешки поминувале покрај бензинската пумпа која подолго време не била во функција кога ги забележале двајцата непознати како се обидуваат да украдат гориво од камион со тетовски регистарски таблички.

– Во тој момент едно од лицата извадило пиштол и испукало еден куршум во правец на двајцата минувачи кој се одбил од околните предмети и го погодил А.Н. по што непознатите избегале во правец на селото Нераште. При увид на местото од инцидентот покрај камионот полицијата пронашла една чаура од куршум за пиштол со калибар од 9 милиметри, две пластични канти и едно гумено црево за преточување кои заедно со облеката на застреланиот се земени за дополнителни вештачења, појасни Јосифовски.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести